На пат кон работа во болницата 8 Септември забележав едно момче како седи на клупа пред влезот. Кога поминав пред него, момчето стана и ме праша: „Дали работите тука?“ Го погледнав – очите му беа црвени од плачење. Му одговорив потврдно и зачекорив кон првото скалило, кога го слушнав неговиот глас: „Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми.“ Застанав скаменето. Се свртев кон момчето и го прашав како се вика неговата мајка. Ме погледна толку жално и ми го кажа името. Јас стоев скаменето… Отрчав кон влезот на болницата, облеков униформа и веднаш отидов кај мајка му. Таа беше на кислородна поддршка… Ја фатив за рака и ѝ реков: „Надвор те чека прекрасен син. Мора да преживееш за него“. Ме погледна со солзи во очите. „Морам“, ми рече. Јас направив сѐ што можев да ѝ помогнам, да ја спасам, да преживее.

Сестра Јохана Јаневска

Овие трогателни повици за помош на момче коешто го изгубило родителот во пандемијата со ковид-19 сѐ уште одекнуваат во главата на медицинската сестра Јохана Јаневска. Борбата за секој човечки живот, исцрпувачката голгота низ којашто поминуваат медицинските работници повеќе од една година сѐ уште трае. Притисокот врз здравствените работници е уште посилен во налетот на третиот бран, кога болничките капацитети се преполни, а вирусот и неговите мутации не бираат кого ќе нападнат. Сѐ поголем е бројот на млади луѓе кои се борат за последен здив.

Целата сторија на Дојче веле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.