Испитувањето на вакцината што ја развива Универзитетот во Оксфорд беше прекинато поради појава на несакани ефекти кај еден од волонтерите – прво беше објавено дека станува збор за попречен миелитис, но првиот човек на „АстраЗенека“ го негираше тоа и рече дека истражувањето ќе продолжи,

Во меѓувреме, друг волонтер кој ја примил вакцината открил со какви несакани ефекти се соочувал, дознава Дејли Меил.

Се разбудив околу два часот по полноќ и замрзнував, имав температура над 39 степени, изјавил волонтерот, кој сакал да остане анонимен.

Тој вели дека симптомите траеле неколку дена, и дека почнал да ги чувствува околу 14 часа по приемот на вакцината.

Имав треска само еден ден, но се чувствував уморно и слабо со недели, вели тој за Дејли меил.

Тој посочува дека два дена по вакцинирањето имал силна главоболка поради која не можел да стане од кревет.

Пред да добие нова доза на вакцина, Универзитетот во Оксфорд го извести дека е откажано понатамошно тестирање на вакцината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.