Германскиот министер за здравство Јенс Шпан во средата изјави дека земјата „сигурно нема да има потреба“ од уште една национална блокада поради пандемијата од корона вирус.

Можеме да одиме во есен и зима со самодоверба. И можеме да забележиме дека во продавниците работите се под контрола, со социјално дистанцирање и маски, изјави Спан на прес-конференција, повикувајќи ги германските жители да бидат претпазливи и издржливи за да спречат понатамошно ширење на вирусот.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел тврдеше дека земјата најверојатно нема да наметне нова блокада, но предупреди дека работите нема да се вратат во нормала сè додека не се произведе вакцината против Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.