Францускиот научен комитет предупреди денеска дека е „многу веројатно“ појава на уште еден бран на новиот коронавирус наесен или во зима.

„Франција ја има ситуацијата под контрола, но неизвесна е, со оглед на зголемената циркулација на вирусот ова лето. Краткорочната иднина на пандемијата е главно во рацете на населението”, се вели во соопштението на научниот комитет објавен на веб-страницата на Министерството за здравство.

Тие предупредуваат дека во секој момент Франција би можела да влезе во сценарио што е помалку под контрола, како во Шпанија.

„Многу е веројатно дека ќе имаме втор епидемиски бран оваа есен или зима“, нагласуваат научницитео

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.