Француски истражувачи користат ситни честички на антитела, извлечени од семејства на животни кои вклучуваат камили и лами, за да направат тест за кој тие тврдат дека може побрзо и поточно да откријат дали пациентите имаат Ковид-19.

Прототипот тест, наречен KorDial-1, не е одобрен за употреба, но првичните истражувања на 300 примероци покажаа точност од 90 проценти во споредба со тестот со полимеразна верижна реакција (ПЦР), најчесто користен метод за откривање на Ковид-19.

Тестот може да обезбеди резултати во рок од 10 минути и може да се користи надвор од лабораторија, наведе тимот што го произведе, додека тестирањето со ПЦР обично трае со часови во лабораторија.

Постојат и други брзи и преносни тестови за Ковид-19, но научниците се сомневаат во нивната сигурност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.