Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен смета дека Европа е добро подготвена за можно давање трета доза вакцина против коронавирусот, и укажа дека за одобрување на руската вакцина Спутник V недостигаат валидни податоци.

„Порачавме кај Бајонтек/Фајзер 1,8 милијарди дози до 2023 година. Тоа е најголемата нарачка низ светот и доволна е за можно давање трета доза во ЕУ, како и прилагодување на новите соеви“, објасни Фон дер Лајен за германската мрежа РНД.

Кога станува збор за одобрување на руската вакцина Спутник V од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА) истакна дека тој процес и понатаму е неизвесен.

„Досега произведувачот не успеа да испорача доволно валидни податоци за да ја докаже безбедноста на вакцината“, кажа таа додавајќи дека тоа отвора бројни прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.