На денешниот состанок комисијата ја разгледуваше состојбата, и покрај високиот број на заразени нема голем број пријавени за болничко лекување што значи повеќето се со полесни симптоми и се на домашно лекување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Околу 70 проценти од Скопје се познати кластери тоа се од Чаир и Сарај. Во Сарај е спласната состојбата и денеска интензивно се работи во Чаир и Студеничани. Беше донесена одлука во Штип да се затворат пет конфекции и ќе бидат тестирани 600 луѓе.Денеска е констатирано дека нема неконтролирано ширење на вирусот. Ќе почекаме за податоците и ако е потребно ќе се донесе одлука за дополнителни мерки односно карантин и воведување на полициски час во одредени општини, изјави Филипче.

Министерот напомена дека во текот на оваа недела ќе се разговара за отворање на границите и градинките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.