Додека министерот Филипче убедува дека се засилуваат контролите на граничните премини и на скопскиот аеродром, македонските граѓани кои викендов пристигнале во државата од Италија, тврдат дека не поминале никакви медицински контроли заради корона вирусот, објави Новатв.

Во саботата слетавме на скопскиот аеродром и јас очекував контрола. Во авионот имаше многу македонски граѓани, десеттина од нив беа со медицински маски. Се изненадивме што никој не не пречека, не ја видовме и не поминавме проверка со термалната камера, никој не ни даде упатства како да постапуваме понатаму, немаше лекарска екипа. И на аеродромот во Италија, пред полетување немаше медицински тим. Ние си ги знаеме препораките кои што беа издадени во областа каде што живееме и ги почитуваме“, изјави за НОВА, Оливера Јовановска.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.