Третманот на децата продолжува во клиниката на жан митрев, вели за телевизија 24 министерот за здравство Венко Филипче и покрај отказот на детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски од болницата на Жан Митрев и најавата дека од денеска следуваат откази и на останатите десетина луѓе од тимот на Чадиковски.

Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург на клиниката за детска хирургија работеше 20 тина години по што пред пет месеци направи трансфер во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и болницата на Жан Митрев се договорија фондот да ги покрива операциите.

Неофицијално причнина за заминувањето на чадиковски и неговиот тим од болницата на Жан Митрев се непремостливи разлики – за начинот на функционирање и вршење операции. Иако во јавноста ова се толкува дека може да го доведе во прашање целиот проект на јавно приватно партнерство што беше најавен пред половина година здравствените власти посочуваат дека промени во соработката со клиниката на Жан Митрев засега нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.