Министерот за здравство Венко Филипче, по повод денот на жената 8 Март беше во посета на органзацијата на жени на СДСМ во скопската општина Гази Баба каде говореше за женското здравје правата и можностите на здравствена заштита на жената. Филипче посочи дека со измените на законот за абортус, волјата на жената е ставена на прво место, односно жената има право на репродуктивна слобода. Правото на абортус е директно поврзано не само со репродуктивно здравје, на жената, туку и со општата добросостојба, затоа здравствениот систем е должен да одговори соодветно и да ја ѝ пружи сета потребна грижа.

Министерот на трибината говореше и за воведувањето на нови терапии за жените кои имаат рак на дојка. Сега сите жени со рак на дојка имаат терапија, односно се набавуваат скапи цитостатици и сите жени после операција или без операција на карцином на дојка, ја имаат целата терапија што им е потребна. Изминатиов период обезбедени се и бесплатни ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник. Воведена е и најнапредна технологија за скрининг на рак на дојка во рана фаза со точна и прецизна дијагностика што е од клучна важност за понатамошниот третман на пацинетки.

Министерот апелираше дека од голема важноста се превнтивните прегледи посебно за младите девојки. Посетата на гинеколог, како и рутински преглед на гради еднаш во годината, е најдобрата здравствена превенција бидејќи само така се овозможува рано откривање на промените на репродуктивните органи кај жените, рана дијагностика но и висок процент на успешно лекување. Здравството е темелот на едно општество, затоа нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот, истакна Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.