Министерот за здравство Венко Филипче со порака до медиумите и новинароте да објавуваат точни и проверени информации за состојбата со коронавирусот во земјава.

„Почитивани медиуми, почиутвани новинари,

Деновиве голем број на медиуми уште рано наутро објаувуваат неофицијални и речиси секогаш неточни информации за бројот на новозаболени. Од самиот почеток на оваа криза лично јас и целиот мој тим за односи со медиуми сме ваш партнер. Веќе 100 дена навремено, прецизно и транспарентно ја известуваме јавноста. Ги соопштуваме сите детали за новозаболените од Ковид-19, се со цел медиумите да имаат точна информација“, пишува Филипче на фејсбук.
Уште еднаш ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Ги молам да ја зачуваат својата улога и задача која ја имаат кон јавноста за навремено, точно и проверено известување. Непримерно е во ситуација кога имаме секојдневно заболени и секојдневно известуваме и за секоја најмала промена, да се шпекулира со податоци токму од страна на оние кои треба да обезбедат прецизна информација за јавноста. Со тоа се внесуваа конфузија кај населението и недоверба во институциите а искрено верувам дека ова не е целта. Објавувањето број на новозаразени со Ковид-19 од страна на медиумите не смее да биде трка на ексклузивитет, зошто станува збор за чувствителни информации за здравјето и животот на граѓаните. Објавувањето на вакви непроверени информации е уште повеќе несфатливо затоа што Министерството за здравство редовно ги објавува сите информации, а доколку има промени и по неколку пати на ден. Сите прашања на новинарите се одговараат постојано и на дневно ниво. Искрено се надевам дека оваа пракса ќе престане, а ние ќе продолжиме со навременото и точно информирање, вели Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.