Во текот на следната недела се очекува во земјава да пристигнат околу 1.500 пакувања од новата терапија што веќе се применува во САД во третман на пациенти болени од Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни дека се работи за терапија која влијае на намалувањето на репликацијата на вирусот.

Тоа е терапија на едно спефицично антитело што го набавуваме преку заедничкиот систем на набавка на Европската Унија. Веројатно во текот на следната недела треба да пристигне. Има специфична индикација кога се дава – на почеток на болеста, во раната фаза, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на денеска пред салата „Борис Трајковски“.

Каде ќе биде распоредена новата терапија, ќе одлучува мини кризниот штаб во кој членуваат директорите на клиниките.

Во однос на лекувањето на пациентите кои имаат тешка клиничка слика, како што посочи министерот, се применуваат сите потребни терапии, но за жал, многу често терапијата не дава резултати. Тоа е случај и кај пациенти кои навреме се јавиле и кај оние кои доаѓаат со потешка клиничка слика.

 Сведоци сме на многу брзи влошувања и многу тешка клиничка слика, подвлече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.