Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја, напиша на Фејсбук министерот на здравство Венко Филипче.

-Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација- напиша Филипче.

Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи.

-Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пацинетот- напиша Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.