Министерот за здравство Венко Филипче на денешна прес-конференција извести дека ситуацијата со заразената пациентка од коронавирусот е добра, но дека вчера две нови лица се пријавиле на Инфективна клиника.

Филипче извести дека еден од пријавените бил возач кој патувал во Италија, но бил негативен на коронавирусот, додека другиот случај била жена која патувала со мажот во Рим, а кај нејзе тестирањето не било завршено.

Кај жената третина од тестот бил завршен и укажувал дека можна позитивност на коронавирусот, но сепак министерот апелираше да се почека додека да не заврши тестирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.