Министерот за здравство Венко Филипче на најавената редовна прес-конференција во 16 часот за случајот коронавирус, кажа дека се вршат тестови на ново лице кое допатувало од Рим. Додека возач на камион од Италија и жена која што со својот сопруг патувала во Рим синоќа биле тестирани за корона вирусот на скопската инфективна клиника. Резултатите и за двајцата се негативни. Тој кажа дека пациентката која во Македонија дојде со комбе од Италија и беше позтивна на Ковид-19 нема знаци за компликации и се лекува во излација.

Како што информиравме пациентката која се лечи на ифективна има лесна клиничка слика нема знаци за компликации се лекува во изолација. Се чекаат тестовите на уште едно лице кое допатувало од Рим. Во овој момент освен ова лице нема ниту еден друг сомнителен случај, кажа денеска на прес- конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.