Министерот за здравство Венко Филипче најави дека денеска пристигнуваат 100 илјади вакцини на Астра Зенека, донација од соседна Грција.

Тој соопшти дека денеска ќе бидат подготвен распоредот по кој ќе се изврши теренското вакцинирање, потенцирајќи дека акцент ќе биде ставен на руралните средини, особено во Шуто Оризари.

Апелираше граѓаните да се јават на пунктовите и да се вакцинираат, бидејќи веќе од понеделник сите пунктови ќе бидат отворени и ќе може да се вакцинираат сите оние кои сакаат да се вакцинираат и без да се пријават.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.