Министерот за здравство, Венко Филипче, работно ја поминал новогодишната ноќ. На својот фејсбук профил, Филипче објави дека со дежурниот тим на Клиниката за неврохирургија оперирал пациент со тумор на мозок и дека операцијата завршила успешно. Сподели и неколку фотографии од интервенцијата.

Малку подоцна, во нова објава, проследена со “селфи”, Филипче им изрази поддршка на сите што ноќва се на работните места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.