Младите да го поддржат процесот на масовна имунизација и да му помогнат на здравствениот систем, апелираше министерот за здравство, Венко Филипче на трибината „Млади за вакцинација“ во организација на СДММ.

Филипче се заблагодари на целиот здравствен персонал и ги повика младите да се вакцинираат, но и да дадат свој придонес во мобилизирање на граѓаните да се вакцинираат што помасовно.

„Ние во 2018 година се соочивме со една друга епидемија, епидемија на морбили заради намалениот опфат со вакцинација, пред се заради антивакциналните кампањи, кои за жал денес повторно ги гледаме, и за жал тогаш видовме што значи да имате вакцина, да се случи пад на вакцинација и да се случи епидемија. Со силна кампања за вакцинација ние успеавме таа епидемија да ја сузбиеме за само шест месеци. Нема поголем показател за тоа колку вреди вакцината, од разликата со минатата година кога се соочивме со болест за која нема вакцина. Сега имаме неколку типови на вакцини кои имаат одличен процент на ефикаснот. Сега ние како општество треба покажеме дека сме подготвени преку таква масовна вакцинација да го видиме ефектот и ефикасноста на вакцините. Ние може да дискутираме на бројни теми, но здравјето не најважно, без здравје нема ништо. Затоа апелирам до сите од вас да се вакцинирате, сите млади со своите интензивни контакти и канали на комуникација, да го поддржат овој процес на вакцинација, да го поддржат здравствениот систем, да не дозволиме нов силен бран на коронавирусот. Да ја искористиме вакцинацијата, да си ги вратиме назад своите животи, порача Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.