Министерот за здравство Венко Филипче не очекува во идниот период поголем наплив на пациенти заразени со ковид-19 кои би биле за прием во болница.

Во таа смисла продолжува со ист интензитет работата на епидемиолозите на терен. Интензивно тестирање согласно индикацијата, интензивно следење на контактите и нивно ставање во изолација, рече Филипче кој денеска беше во посета на Здравствениот дом во Свети Николе.

Тој соопшти дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести ги анализирале податоците од претходните две недели, и како што рече, минатата недела има нешто поголем број на Ковид дијагостицирани, но не поголем од претходните три недели.

Во ГОБ „8 Септември” повеќе денови по ред има помалку од 100 пациенти кои се третираат, 80 се позитивни, за другите се чека резултат во наредните денови. Има слободни кревети и на Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите болници општи ширум државата, кажа Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.