Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јули.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите, посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.