Вакцините од кинескиот производител Синовак се очекува да пристигнат до крајот на месецов, најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес конференција со амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Џанг Ѕуо.

Министерот Филипче додаде дека се очекува со новите вакцини бројот на вкупно вакцинирани граѓани во земјава да достигне околу 600 илјади.

Од јули, третиот и четвртиот квартал, најавени се сите други поголеми количини на вакцини…се очекува, како што е првично највено, да стигнат 350 илјади од вакцините на Фајзер и преку КОВАКС системот“, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.