Министерот за здравство Венко Филипче оствари средба со синдикатот на ГОБ „8 Септември“ и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.

На средбата е разговарано по барањето на вработените во болницата, ковид пациентите да останат на првиот кат, каде има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се ослободи и да продолжи да функционира за останататите пациенти – информираат од Министерството за здравство

Имаат сосема легитимно барање и во овој момент не е тешко, ниту невозможно да се одговори на ова. Барањата се да се ослободи еден од катовите во болницата „8ми Септември“, за да може дел од вообичаената работа, особено во делот на кардиологијата да започне да се организира, онака како што беше организирано претходно. Тоа би значело дека од сегашниот број на кревети, помеѓу 70 и 75 и натаму ќе бидат наменети за пациенти со ковид-19, а останатите 20 ќе се ослободат“ – информира министерот Филипче.

Филипче ги извести вработените на болницата дека во наредните десетина дена ќе почнат подготовките за ослободување на капацитетите на болницата „8 Септември“, со активирање на модуларната болница која располага со капацитет од 72 болнички кревети и целата потребна опрема, а таму е завршено и поставувањето на централниот довод на кислород.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.