Министерот за здравство, Венко Филипче денес изјави дека завршил увидот со сите анализи на децата и бебињата кои беа хоспитализирани во болницата во Гевгелија.

Станува збор за обична вирусна инфекција. Кај сите деца се направени серолошки анализи и ниту едно дете нема антитела на Ковид-19. Очигледно нивниот имунолошки систем сега реагира, затоа што подолго време се наоѓале дома. Нема простор за паника и никаква поврзаност со коронавирусот – рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.