Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук-профил повика пациентите што оздравеле од ковид-19 да даруваат крв зашто нивната крвна плазма е драгоцена за оние што сега се борат со вирусот.

Тој вели дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19.

Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус. Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, напиша Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.