Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „Дојче веле“ најави дека се размислува постепено да се намалуваат рестриктивните мерки, но точно од кога тоа ќе се случи ќе се размислува од следната недела, кога Комисијата за заразни болести ќе ги сумири бројките на новозаразени и ќе ги види ефектите од двата претходни викенди во карантин.

Тој рече дека прво ќе се олабават мерките кај економскиот дел, рестораните, возилата за јавен превоз, но прв и клучен услов ќе биде почитување на физичка дистанца во процесот на нормализација на животот.

Тоа е потребно за да не се соочиме со нов, нагол пик, што не е исклучено да се случи ако не се почитуваат мерките по попуштање на рестрикциите – нагласи министерот за здравство.

Ова не е борба на една земја или на една религија. Ова е борба на светот, за здравјето на човештвото.

Погледнете го моето целосно интервју за Дојче Веле 👇

Posted by Венко Филипче on Sunday, 19 April 2020

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.