Вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ и „Бионтек“ создава силен имунолошки одговор кај децата од пет до 11 години, соопштија од комапниите и најавија дека ќе побараат дозвола за нејзино користење за оваа возрасна група.

Клиничките тестирања покажале дека вакцината развива имунолошки одговор како оној што е виден кај лицата од 15 до 26 години, велат од компаниите.

Американските здравствени власти кажаа дека во рок од три недели би можеле да оценат дали вакцината е безбедна и делотоворна и за помлади деца.

Освен што е попренослив, засега нема назнаки дека делта сојот е поопасен за децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.