Научници од Хонг Конг открија дека примателите на вакцината Фајзер против коронавирус имаат значително поголемо ниво на антитела во споредба со оние кои ја примиле кинеската вакцина од производителот „Синовак“, пишува Саут Чајна Морнинг Пост.

Резултатите од истражувањето сугерираат дека луѓето кои биле вакцинирани со Синовак против ковид-19 можеби ќе им треба трета доза од вакцината.

Во меѓувреме, научниците се повеќе разгледуваат мешање и совпаѓање на различни видови вакцини против корона вирус со цел да се избегнат одредени несакани ефекти и да се зголеми нивната ефикасност.

Вакцината на Синовак, претходно овој месец, беше одобрена за итна употреба од Светската здравствена организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.