Антидепресивот „флувоксамин“ ја намалува потребата од хоспитализација кај високоризичните возрасни пациенти со Ковид-19 покажуваат клиничките испитувања, јавија американските медиуми. Научниците испробале лек против депресија и опсесивно-компулсивно нарушување врз пациенти бидејќи за него имало податоци дека го намалува воспалението и дал ветувачки резултати во мали студии.

Резултатите беа споделени со Американскиот национален институт за здравје, а авторите на студијата се надеваат дека терапијата ќе биде препорачана од Светската здравствена организација.

– Доколку СЗО препорача, ќе биде широко користен, вели коавторот на студијата д-р Едвард Милс од Универзитетот МекМастер во Хамилтон, Онтарио, Канада. Тој додаде дека сиромашните земји ќе можат брзо да го употребуваат лекот.

– Се надеваме дека ова ќе ги спаси животите на многу луѓе, рече тој. Лекот Флувоксамин чини четири долари. За споредба, терапија со антитела е околу две илјади долари додека експерименталниот лек на Мерк за Ковид-19 е со цена од околу 700 долари.

Истражувачите го дале антидепресивот на 1.500 Бразилци заразени со новиот коронавирус. Резултатите се објавени во Лансет глобал хелт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.