Нов бран случаи на коронавирус наскоро може да ја зафати Европа, предупреди Светската здравствена организација, нагласувајќи дека опаѓањето на бројот на инфекции во регионот сега заврши.

Заврши 10-неделното намалување на бројот на случаи со Ковид-19 во 53 земји во европскиот регион на СЗО“, предупреди Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Минатата недела бројот на случаи се зголеми за 10%, поттикнат од зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, додаде тој.

Милиони остануваат невакцинирани во Европа, предупреди Клуге, со неообезбедена заштита од варијантата делта. Тој го повтори она што податоците веќе го покажаа, дека варијантата делта е далеку попренослива. Клуге рече дека варијантата делта ќе биде доминантна во европскиот регион на СЗО до август.

До август, европскиот регион на СЗО ќе биде „делта доминантен, забележа тој, додавајќи дека 63% од луѓето сè уште чекаат на својата прва доза, додека ограничувањата на социјалниот живот веројатно ќе бидат укинати до следниот месец.

Велика Британија, на пример, која има висока стапка на вакцинација, но исто така и голем број случаи предизвикани од делта варијантата, планира да ги прекине ограничувањата на 19 јули. Клуге рече дека сега има три услови за „нов бран на хоспитализации и смртни случаи“ – нови варијанти, дефицит во навлегувањето на вакцините и зголемено социјално мешање.

Ќе има нов бран во европскиот регион на СЗО освен ако не останеме дисциплинирани, а уште повеќе кога има многу помалку правила што треба да се следат“, предупреди тој. Тој ги повика граѓаните да ја примат вакцината кога ќе им биде понудена, истакнувајќи дека „вакцините се ефикасни против варијантата делта. Не една доза, туку две“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.