Кафето може да делува многу лошо врз вашето тело за време на ладните денови, пишува „Волстрит џурнал“. Иако во зима, кога надвор е ладно и темно, многумина почесто посегнуваат по шолја топло кафе за да се расонат и загреат истовремено, се покажало дека на организмот тоа влијае сосема спротивно.

Докажано е дека сите топли пијалоци, особено кафето, која најбрзо се апсорбира, не делуваат корисно врз човековото тело. Тие предизвикуваат многу несакани ефекти како треска и ладна пот. Тоа е така, затоа што вашето тело е потополо во однос на надворешната средина, а таа температурна разлика станува уште поголема кога пиете топли напивки.

Покрај тоа, кафето ги забрзува циркулацијата и метаболизмот, а со тоа и самата енергија е на високо ниво, што додатно го загрева организмот, а оваа температурна разлика може да доведе и во состојба на телесен шок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.