Извршните директори на Фајзер (Pfizer), Бионтек (BioNTech) и Модерна (Moderna) поделија повеќе од 100 милиони долари заработка за време на пандемијата, што го одразува комерцијалниот успех на вакцините mRNA развиени од овие фармацевтски компании.

Алберт Бурла од Фајзер , Угур Шахин од Бионтек и Стефан Бансел од Модерна значително го зголемија своето богатство во последните две години благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите поттикнати од ентузијастичките инвестиции во фармацевтските компании кои работеа на развој на лекови и вакцини против вирусот Ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс.

Цените на акциите на Фајзер се зголемија за 60 отсто во последните две години. Вредноста на Бионтек е зголемена три пати, а на Модерна пет пати.

Извршните директори Бенсел и Шахин на хартија станаа милијардери благодарение на акциите што ги поседуваат во компаниите Модерна и Бионтек. Бенсел има 7,8 отсто од акциите во Модерна, со проценета вредност од 5,4 милијарди долари. Шахин поседува 17,1 отсто од Бионтек, во вредност од 7,8 милијарди долари.

Вакцините развиени од Бионтек и Фајзер им донесоа на компаниите приход од 37,5 милијарди долари минатата година, додека Модерна оствари приход од околу 17 милијарди долари, според компанијата за обработка на податоци Airfinity.

Анализата на бонусите за производителите на вакцини mRNA во 2020 и 2021 година покажува дека извршниот директор на Фајзер, Алберт Борла, имал најголема добивка за време на пандемијата. Тој во овој период заработил 45,3 милиони долари бонуси, што е значително зголемување во однос на 27,7 што ги добил во периодот 2018-2019 година, кога дошол на позицијата извршен директор.

Шахин заработи бонус од 30,8 милиони долари во двете години од пандемијата, додека во 2018-2019 година. неговата заработка била 8,5 милиони долари. Бонусот на Бензел падна од 67,5 милиони долари на 31,1 милиони во 2020-2021 година, пред се поради котација на компанијата Модерна на берзата, која на овој извршен директор му донесе приход од акции од 58,6 милиони долари.

Вкупниот износ на бонуси за сите три компании во периодот 2020-2021 година достигна 107,2 милиони долари, од 103,7 милиони долари две години порано.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.