Ева Стојческа се роди овој 2 мај во болничкото комбе на пат кон Прилеп. Како што раскажува Жарко Симески, директор на Здраствениот дом во Македонски Брод, Мирјана Стојческа од Самоков, Македонски Брод, засекогаш ќе го памети тоа утро кога своето четврто дете го роди на пат кон болницата.

Во понеделникот рано наутро околу 04:20 часот примен е повик од Самоков за да се транспортира бремена жена со породилни болки до Прилеп. Но, по сместувањето во болничкото комбе жената добила силни породилни болки и породувањето било неминовно да се изврши во самото комбе. Поради овие симптоми со асистенција на докторот Александар Ристески и сестрата Елена Иваноски породувањето е успешно извршено, а мајката Мирјана на свет го донела своето четврто дете, ќерката Ева и наместо со родилка, за Прилеп се упатиле персоналот од првата помош и мајка со новороденче, истакна директорот Симески за „Канал 5“ и појасни дека и новороденчето и мајката се во добра здраствена состојба и вчера се пуштени дома .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.