Европската комисија објави дека е склучен договор со фармацевтската компанија „Гилеад“ за набавка на 500.000 дози на лекот „ремодесивир“ за третман на пациенти со Ковид-19.

Договорот за заедничко купување на овој лек го потпишаа 36 земји, вклучително и сите 27 членки од ЕУ, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Ниту еден лек сè уште не се покажа како ефикасен во лекувањето на коронавирусот, но антивирусниот ремдесивир (Веклури) им помогна на некои пациенти со КОВИДА-19 да закрепнат побрзо, а Европската комисија го одобри ремдесивирот за третман на коронавируси во јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.