Најновите податоци за епидемијата од Ковид-19 во Белгија покажуваат раст на новите случаи, епидемиолозите предвидуваат влошување на состојбата со падот на температурите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Стивен Вангигхт, епидемиолог од институтот за јавно здравство на Белгија на денешната прес-конференција порача дека научниците очекуваат забрзување на епидемијата во наредните недели.

Сѐ повеќе сме внатре, контактите се поблиски и сѐ повеќе настани се одржуваат во затворено, од 1 октомври гледаме и укинување на дел од мерките, како отворањето на клубовите, истакна Вангихт и побара да се продолжи со кампањата на вакцинација која докажа дека дава ефикасни резултати во однос на товарот врз болниците.

Сепак бројот на нови хоспитализации е во благ подем како и бројот на починати, а стапката на репродукција на вирусот која покажува дали се шири брзо заразата е зголемена.

Епидемиолозите повикуваат на внимателност во услови на ублажени мерки и сѐ постудени температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.