На Инфективната клиника се хоспитализирани 33 лица заразени од морбили, од кои четворица се во критична состојба.

Вчера имаше пет нови прегледани пациенти со морбили, а двајца се примени на болничко лекување. Во животозагрозувачка состојба е 16 годишната пациентка со церебрална парализа и масивна пневмонија. Во потешка состојба на одделите има тројца возрасни“ соопштија од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На Детска бројките се малку подобри. Десет доенчиња се лекуваат болнички, но ниту едно не е во критична состојба потврдија од клиниката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.