Премногу е рано да се повикува на втора засилена доза вакцина против ковид-19, нагласија од ЕМА и покрај брзиот скок на нови инфекции предизвикани од сојот омикрон.

Говорејќи на двонеделната прес-конференција на Европската агенција за лекови, раководителот на стратегијата за вакцини на ЕМА додаде дека укинувањето на правилата за коронавирус во многу земји можеби имало улога во сегашниот пораст на случаите.

– Забележуваме дека стапките на инфекција повторно се зголемуваат во некои земји-членки по постојаното намалување на кое бевме сведоци во изминатите неколку недели. Агенцијата со седиште во Амстердам „продолжува да ја следи ефективноста на вакцините за Ковид-19 против варијантата Омикрон – изјави Марко Кавалери.

Но сепак, нема доволно научни докази за одобрување и препорачување на втора бустер-доза.

Светската здравствена организација вчера изрази тревога за зголемените инфекции со ковид-19 на глобално ниво, и покрај падот на нивоата на тестирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.