Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба на вакцина против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години, и тоа е втора вакцина препорачана за адолесценти.

Употребата на вакцината Спајквакс (Spikevax) на Модерна ќе биде иста како кај адолесцентите на возраст од 18 до 25 години.

Компанијата „Модерна“ уште во мај објави дека нивната вакцина е ефикасна и за тинејџери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.