Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека добила извештаи за 415 можни случаи на згрутчување на крвта со низок тромбоцит во рамките на Европската економска област (ЕЕА), со тоа што повеќе од 50 милиони луѓе примиле вакцина на „Астра зенека“ против Ковид-19 и на Џонсон и Џонсон.

„Забележани се 10 можни случаи помеѓу нешто помалку од 6 милиони луѓе кои примиле вакцина на „Џонсон и Џонсон“ и 405 случаи меѓу 45 милиони лица кои примиле вакцина на „Астра зенека“, рече Георги Генов од Европската агенција за лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.