Како што стареат луѓето нивната врска со алкохолот се менува. Човечкото тело и органите се повеќе способни да го поднесат алкохолот во помладите години, но кога старееме ефектите стануваат потешки.

Според Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам, секоја година скоро 88.000 луѓе умираат поради причини предизвикани од алкохолот, што го прави еден од најголемите убијци во САД, веднаш по тутунот, лошата исхрана и недоволното движење.

Светската здравствена организација има податоци според кои просечен Американец консумира повеќе од 9 литри алкохол годишно, а четвртина од тоа се испива во декември.

Најтешко минуваат луѓето над 65-годишна возраст. Во постарите години алкохолот има големо влијание на едноставни активности како движење, искачување по скали или спуштање, може да доведе до падови и сериозни повреди. Постои биолошка причина поради која луѓето на постари години не се во состојба да закрепнат од мамурлакот така лесно како во 20-тите години.

Алкохолот кај постарите луѓе носи проблеми со амнезија, деменција, проблеми со видот, болки во мускулите, висок крвен притисок и слично.

На постарите луѓе им се препорачува да консумираат алкохол во текот на дружење и разговор, а никогаш кога се сами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.