Во текот на вчерашниот ден се регистрирани шест пациенти со морбили. На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување. Меѓу нив е и едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и кое претходно било лекувано на Клиниката за детски болести, соопшти Министерството за здравство.

Амбулантски се прегледани пет пациенти со симптоми на морбили, од кои едно шестгодишно дете од скопското село Љуботен, кое е вакцинирано со една доза, како и четворица возрасни пациенти (двајца од Скопје, и по еден од Дебар и од Куманово), кои се пуштени на домашно лекување.

Според податоци од пунктовите за имунизација, од почетокот на епидемијата, досега, се вакцинирани вкупно 5.107 деца, посочуваат од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.