Едногодишно дете е најмладиот пациент кој денеска е заболен од корона вирусот во Битола. Исто така вирусот е дијагностициран и кај дете од четири години. И двете се дел од петте позитивни лица регистрирани денеска во Битола. Со денешните случаи бројот на заразени во Битола достигна 127.

Денеска почина и 73-годишен битолчанец, кој е трета жртва од корона вирусот во Битола. Починатото лице било хоспитализирано во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Она што е симптоматично за новорегистрираните болни во Битола е дека најголем дел од нив не даваат податок за контакт со претходно болно регистрирано лице. Така, вчера од шест регистрирани болни, дури четворица не дале податок за контакт со позитивно лице. А за оваа ситуација Центарот предупреди пред два дена.

Во моментов добар дел од активните болни се поврзуваат со семејни кластери, а заразени се и двајца ракометари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.