Двете млади пациентки кои починаа вчера, а беа хоспитализирани поради Kовид-19 имале претходни заболувања.

Како што соопштија од Министерството за здравство, 23-тригодишната пациентка од Скопје, четири дена имала температура, кашлица и тешко дишење. Била хоспитализирана на 12. септември на Инфективната клиника во Скопје. Како тежок пациент веднаш била ставена на кислород.

Ден пред да настапи смртта, нејзината состојба се влошила поради пад на сатурацијата, по што била ставена на неинвазивна вентилација. Смртта кај неа настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг – ендокринолошко заболување.

Дваесет и деветгодишната струмичанка, пак, починала во Клиниката „Жан Митрев“. Според епидемиолошкиот извештај на ИЈЗ, таа имала заболување на тироидната жлезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.