Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира единаесет новозаболени лица од Ковид 19, десет од Куманово, еден од Липково, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Еден пациент (64) починал.

 Сите новозаболени потекнуваат од веќе познати кластери- изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска, извршени се 49 тестирања од кои по 22 „ Мој термин“ и 27 епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата, ковид дијагностицирани во Куманово се 1002 пациенти, од нив во моментов активни се 294 случаи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.