Државниот здравствен и санитарен инспекторат најпрвин ќе го разгледува трагичниот случајот во кој млада мајка од Струмица, веднаш откако се породи си го фрли бебето во полски тоалет, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче за време на неговата посета во болницата во Охрид. Министерот додаде дека врз целиот случај ќе се направи и стручен надзор.

По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.