Во текот на петтата недела од 2019 година (28.01-03.02.2019), пријавени се 1.252 случаи со симптоми на грип, што е речиси двојно зголемување во споредба со минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје.

Од таму додаваат дека бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4% споредено со 5-та недела од минатата сезона.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56%) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1), 2 Influenza A(H3) и 2 Influenza А несуптипизиран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.