Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници во државава не констатирал недостатоци.

-Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај, изјави денеска во Утрински брифинг, д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Во врска со вакцинацијата во нејзината институција д-р Бухова вели дека во ДЗСИ сите се или вакцинирани или имаат прележано ковид и се во период кога се чека пред вакцинација. Од медицинскиот персонал што ДЗСИ го контролираше вчера, Бухова вели дека повеќето се вакцинирани, но оние помалку кои не се немаат ингеренции да ги поттикнуваат на тоа затоа што вакцинацијата не е задолжителна.

-Мојот личен став е дека сите лица вработени во медицински установи би требало задолжително да бидат вакцинирани, рече Бухова за Утрински брифинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.