За Крис и Џесика Офер од Австралија, дијагностицирањето на нарушување од спектарот на аутизмот кај нивната ќерка довело до уште едно важно откритие.

Мојот сопруг е 33-годишен маж. Тој исто така е аутистичен“, пишува Џесика на нејзиниот блог „Girl Tribe“.

Во постот мајката објаснува како Крис се дијагностицирал како родител со аутизам откако дознале дека се родители на дете со аутизам.

 

Бевме заедно седум години пред да сфатиме дека тој има аутизам“, напишала таа. „Не бевме свесни за тоа сѐ додека на мојата најстара ќерка не ѝ беше дијагностицирано нарушување од аутистичен спектар“.

Тие имаат четири ќерки, од кои две се аутистични. Џесика во својот пост објаснува дека знаела дека нејзината најстара ќерка не е „невротипична“ од околу 4- годишна возраст, поради строгото придржување кон рутините, сензорните проблеми и честите епизоди на врескање.

Меѓутоа, кога разговарав со својот сопруг за ова, тој сметаше дека однесувањето на девојчето му изгледа нормално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.