Инфектологот проф. д-р Вело Марковски вечерва во гостување во емисијата „Клик Плус“ објасни како да се разликува коронавирусот од обичен грип.

Треба да ги разликува науката, но не само кај нас, туку во речиси сите држави нема некоја силна инфектологија, и не се вклучени луѓето кои се најстручни во горнореспираторни инфекции. Најголемиот проблем сега ќе прави грипот и обичната настинка. Аденовирусите се најпрви на листата, па доаѓаат риновирусите, а коронавирусот се четврти на листата. Над 200 риновируси даваат обична настанка. Нормално е во сезоната да имаме 3-4 епидемии со риновируси и аденовируси. Риновирусот на пример нема температура и не бара отсуство од работа, рече Марковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.