Главниот извршен директор на американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“, Алберт Бурла, во вторникот изјави дека луѓето кои ќе одбијат да се вакцинираат против коронавирусот ќе станат „слаба алка“ и ќе бидат одговорни за ширење на вирусот, пренесува СиЕнБиСи.

Бурла додаде дека луѓето кои ќе одлучат да не земаат вакцина „ќе влијаат на животот на другите бидејќи ако не вакцинираат, тие ќе станат слаба алка што ќе овозможи овој вирус да се реплицира“.

Фајзер минатата недела потврди дека ќе го финализира своето испитување со вакцини Ковид-19 во октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.