По петгодишното девојче кое почина на Детската Клиника, здравствените власти денеска потврдија дека опасниот вирус земал уште еден човечки живот.

Станува збор за 25 годиншна девојка со Даунов синдром.

Таа починала на КАРИЛ како последица на компликации од свински грип. Бројката на заболени и натаму расте. Според најновите информации во моментов заболени се околу 1300 лица.

Се стравува дека бројката на заболени ќе продолжи да расте. Здравствените власти аплеираат граѓаните да се заштитат и да примат вакцини против грип. Вакцини имало доволно, исто така и лекот „Тамифлу“ кој се користи како терапија за заболените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.